ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА Силни грмежи, невреме и ветер над 60 км/ч
Повремени врнежи од дожд, пороен дожд и грмежи се очекуваат во текот на денот, а локално е можно и изолирано невреме со град.

Фото: Национал
Времето денеска (22 јули) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температури од 14 до 30 степени. Во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места постои можност за појава на изолирани невремиња со град. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен правец, со брзина над 60 километри на час.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во одделни делови од Скопската Котлина се очекуваат повремени врнежи од дожд и услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија


