СЛОВЕНИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН БОЖИЌЕН БОНУС Секој вработен добива најмалку 741 евро
Работодавачите ќе мора да исплатат зимски надоместок до 18 декември, исплатата станува законска обврска.

Словенија воведе задолжителен божиќен бонус за вработените, со што секој работодавач ќе мора да исплати зимски надоместок од најмалку половина од минималната бруто-плата. Според објавените податоци, износот за 2026 година е околу 741 евро.
Со воведувањето на таканаречениот зимски одмор, Словенија го претвора божиќниот бонус во законско право на работниците.
Износот на надоместокот е поврзан со минималната бруто-плата во Словенија, која за 2026 година е наведена во износ од 1.481,88 евра. Зимскиот надоместок е утврден на половина од таа сума, односно 740,94 евра.
Работниците што биле вработени цела година кај истиот работодавач и работеле со полно работно време имаат право на целосниот износ. За оние што биле вработени пократок период или работеле со скратено работно време, исплатата се пресметува пропорционално.
Работодавачите се должни надоместокот да го исплатат во пари најдоцна до 18 декември.
Со оваа мерка, Словенија воведува задолжителна финансиска поддршка за вработените пред празниците.

