ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА Магла наутро, дожд попладне – еве што најавува УХМР

УХМР најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во одделни котлини претпладне се очекува и појава на магла.

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА Магла наутро, дожд попладне – еве што најавува УХМР
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во претпладневните часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени.

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, додека во попладневните часови во делови од Скопската Котлина се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This