ПЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СТРУМИЦА Полицијата пронајде хашиш и марихуана

Во одделни полициски акции во Струмица и струмичко село биле пронајдени различни количества наркотични супстанции.

ПЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СТРУМИЦА Полицијата пронајде хашиш и марихуана
Фото: Принтскрин

Пет лица биле лишени од слобода во одделни полициски постапки во Струмица и струмичко село, откако кај нив биле пронајдени хашиш или марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Струмица.

Последниот случај бил регистриран на 23 октомври 2026 година, во 21:30 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода С.К. (34). При извршениот преглед кај него била пронајдена тегла со хашиш.

Претходниот ден, на 22 октомври, полицијата во Струмица го лишила од слобода А.М. (31), кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

Истиот ден биле приведени и Џ.Б. (44) и К.Ј. (38), двајцата од Струмица. И кај нив при полицискиот преглед била пронајдена марихуана.

Во посебен случај, на 22 октомври во Струмица бил лишен од слобода и М.А. (36). Според информациите од полицијата, тој доброволно предал пакување со марихуана.

За сите случаи бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од полицијата.

CATEGORIES
Share This