ДЕСЕТМИНА ВОЗЕЛЕ БЕЗ ВОЗАЧКА, ДВАЈЦА СО ЗАБРАНА Полицијата приведе 12 лица

Во изминатото деноноќие на различни локации низ државата биле лишени од слобода 12 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

ДЕСЕТМИНА ВОЗЕЛЕ БЕЗ ВОЗАЧКА, ДВАЈЦА СО ЗАБРАНА Полицијата приведе 12 лица
Фото: Принтскрин

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од приведените, десет возачи управувале моторни возила без положен возачки испит.

Станува збор за Д.Г. (20), К.Д. (23), И.Ш. (28) и С.Т. (20) од Скопје, Р.Ш. (22) од селото Морани, скопско, А.В. (20) од Радишани, скопско, Љ.М. (59) од селото Ресава, кавадаречко, Н.Ј. (35) од селото Слупчане, Општина Липково, како и А.А. (18) од Прилеп и Д.К. (18) од селото Тополчани, прилепско.

Другите двајца приведени, Д.Ќ. (47) од Велес и М.Б. (30) од Крушево, управувале возила и покрај тоа што имале активна мерка – забрана за управување со моторно возило.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од полицијата предупредуваат дека не смее да се управува возило без положен возачки испит, со изречена забрана за возење или под дејство на алкохол.

Почитувањето на правилата и одговорното однесување во сообраќајот се клучни за спречување на несреќи и за поголема безбедност на сите учесници.

CATEGORIES
Share This