ВРЕМЕТО НА ВЕСТМИНСТЕР ЗАВРШУВА Шкотска, Велс и Северна Ирска се обединија – иднината ја гледаат во ЕУ

Лидерите потпишаа договор за заедничка работа и испратија порака дека политичкиот пејзаж на Британските Острови се менува.

ВРЕМЕТО НА ВЕСТМИНСТЕР ЗАВРШУВА Шкотска, Велс и Северна Ирска се обединија – иднината ја гледаат во ЕУ
Фото: Принтскрин

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска оценија дека „времето на Вестминстер завршува“ и дека „политичкиот пејзаж низ островите се менува“, откако во Кардиф потпишаа договор за меѓусебна соработка.

Меморандумот за разбирање го потпишаа шкотскиот премиер Џон Свини од Шкотската национална партија, лидерот на „Плејд Кимру“, Рун ап Јорверт, и првата министерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил од „Шин Фејн“, објави „Скај њуз“.

Со договорот трите политички сили се обврзуваат на заедничка работа и застапување за, како што наведуваат, „посилна и пофер економија“.

Фокус на енергетските ресурси

Меморандумот предвидува и можност за проширување на користењето на сопствените енергетски ресурси, со цел поголема економска и енергетска самостојност.

Во документот е содржан и заедничкиот став дека иднината на Шкотска, Велс и Северна Ирска „ѝ припаѓа на Европската унија“.

Договорот доаѓа во период на засилени дебати за идниот политички статус и односите меѓу составните делови на Обединетото Кралство и централната власт во Вестминстер.

БОМБА ОД ЛОНДОН Се подготвува распадот на Велика Британија

CATEGORIES
TAGS
Share This