ВРЕМЕТО ДЕНЕС Сончево претпладне, попладне невреме со грмежи и можен град
Попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: Принтскрин
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе се движи од 14 до 37 степени.
Во попладневните часови, на места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме, со силен ветер и можен град. Температурата ќе опадне за неколку степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 35 степени.
CATEGORIES Македонија

