Сообраќајот непречен, зголемена фреквенција на патиштата

АМСМ со апел до возачите за внимателно управување, особено на делниците каде има опасност од одрони.

Сообраќајот непречен, зголемена фреквенција на патиштата
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This