ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Поради санација на коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на делницата Пресека – Песочан до клучката Арбиново е воведен времен режим поради градежни работи.

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Поради санација на коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

А.Д. „Илинден“ – Струга известува дека од 28 октомври 2026 година е воведен времен режим на сообраќај на автопатот А2, на делницата Кичево – Охрид, во потегот од Пресека – Песочан до клучката Арбиново. Режимот е воведен поради градежни работи за санација на левиот коловоз и ќе биде во сила до завршување на санацијата.

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.

Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This