ВОЈНАТА Е ЗАД ОГРАДАТА Лукашенко алармира по нападот врз белоруски деца

Белорускиот претседател тврди дека дронот бил украински и бара целосна истрага за нападот во кој беа повредени деца.

ВОЈНАТА Е ЗАД ОГРАДАТА Лукашенко алармира по нападот врз белоруски деца
Фото: Принтскрин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека секој обид за вовлекување на Белорусија во воениот конфликт ќе заврши лошо за оние што ќе го направат тоа. Неговите коментари следуваат по нападот со беспилотно летало врз автобус во рускиот регион Брјанск, во кој патувале белоруски деца.

„Ако некој нè провоцира и се обиде да нè вовлече во војна, верувам дека тоа ќе им се врати лошо на оние што ќе се обидат да го направат тоа. Ние се однесуваме мирно, но на некои не им се допаѓа што Белорусија е мирна земја“ – изјави Лукашенко.

Тој тврди дека дронот што го погодил автобусот бил од украинско потекло, но нагласи дека истрагата треба да ги утврди сите детали.

„Не брзаме со заклучоци, но констатираме дека станува збор за украински дрон. Потребна ни е вистината и искрен одговор од украинската страна“ – рече белорускиот лидер.

Лукашенко нападот го оцени како „отворен фашизам“, бидејќи, како што рече, биле загрозени деца.

„Ова е уште еден пример за бандитизам. Кога се насочува кон деца, тоа е нешто што не може да се оправда“ – истакна тој.

Белорускиот претседател предупреди дека војната се приближува до границите на неговата земја и дека ситуацијата на јужната граница станува сè понапната.

„Војната денес не е некаде далеку. Таа е тука, зад оградата, а понекогаш и поблиску. Различните провокации го покажуваат тоа“ – додаде Лукашенко.

Тој најави дека инцидентот ќе биде истражен заедно со Русија, која, според него, понудила помош во расчистувањето на случајот.

Во нападот врз автобусот, кој превезувал млад фудбалски тим од белорускиот град Речица кон Геленџик, загинала една жена, а осум лица биле повредени, меѓу кои шест деца. Во автобусот имало вкупно 44 патници, од кои 28 деца.

Неповредените патници се вратиле во Белорусија, додека повредените биле пренесени на лекување во белоруски здравствени установи.

CATEGORIES
Share This