УКРАИНА ПОВТОРНО ЈА НАПАДНА МОСКВА Дронови предизвикаа хаос, летовите блокирани
Најмалку 16 лица се повредени во напад со беспилотно летало во Московскиот регион, меѓу нив и две деца кои се згрижени во болница.

Најмалку 16 лица се повредени во напад со беспилотно летало во Московскиот регион, меѓу кои и две деца, соопшти гувернерот на регионот Андреј Воробјов.
Според неговите информации, 10-годишно девојче со повреди на ногата е згрижено во Центарот за мајка и дете, каде медицинска помош добива и тригодишно дете. Сите повредени се хоспитализирани и се наоѓаат под постојан лекарски надзор.
Нападите предизвикаа и нарушувања во воздушниот сообраќај, при што во текот на ноќта и утрото повеќепати беа воведени ограничувања на московските аеродроми.
Од руското Министерство за транспорт информираа дека 53 летови биле одложени повеќе од два часа на аеродромите во Московскиот регион.
Руската противвоздушна одбрана продолжува со активностите за пресретнување на беспилотните летала, додека системите за заштита на воздушниот простор над Москва и околните населени места остануваат во зголемена готовност.


