ВЛАДАТА СЕ ПОФАЛИ СО НОВ ПРОЕКТ Базенот во Карпош конечно готов, се отвора денеска
Новиот базен во Карпош е дел од инвестиција вредна 46,7 милиони денари.

Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото отворање на новиот базен во Карпош, во рамки на Општина Карпош.
Од владината прес-служба информираат дека инвестицијата во објектот изнесува 46.700.000,00 денари.
Станува збор за училишен базен со димензии 25 метри должина и 9 метри ширина, како и со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, наменет за училишни и спортски активности.
CATEGORIES Бизнис
