ИЛЈАДНИЦИ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА Каде најмногу се бараат работници?

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје изнесува 2,07 проценти.

ИЛЈАДНИЦИ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА Каде најмногу се бараат работници?
Фото: Принтскрин

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2,07%.

Најмногу слободни работни позиции, вкупно 2.346, се регистрирани во петтата група занимања,  работници во услужни дејности и продажба.

По региони, Вардарскиот регион бележи највисока стапка од 2,28%.

Анализата по сектори покажува дека најголем процент на слободни работни места има во дејноста сместување и послужување храна, со 4,94%, додека најниска стапка од само 0,15% е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Гледано според големината на деловните субјекти, највисока стапка на слободни работни места имаат компаниите со 10 до 49 вработени, каде таа изнесува 3,05%.

CATEGORIES
Share This