ВЛАДАТА НАЈАВИ ОТСТАПКИ, НО ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Блокирани училиште и универзитет во Париз

Блокирани се средното училиште „Елен Буше“ и Универзитетот Пари-Сите, додека студентските и синдикалните организации повикуваат на продолжување на протестите.

ВЛАДАТА НАЈАВИ ОТСТАПКИ, НО ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Блокирани училиште и универзитет во Париз
Фото: Принтскрин

Студентските протести во Париз повторно се интензивираат. Група средношколци утрово го блокираа влезот во средното училиште „Елен Буше“, поставувајќи контејнери за отпадоци пред зградата и спречувајќи влез во училиштето.

Акцијата се случува по двонеделниот одмор по повод националниот празник, а училиштето е едно од главните жаришта на студентското протестно движење, објави БМФ.

Протестни активности се забележани и пред Универзитетот Пари-Сите, каде што влезот исто така е блокиран со контејнери за отпадоци. Според „Фигаро“, пред институцијата се собрале околу десет студенти.

Студентските и синдикалните организации повикуваат движењето да продолжи, и покрај отстапките што ги најави француската Влада.

Со повторното активирање на блокадите, протестното движење испраќа порака дека најавените владини мерки засега не ги убедиле организаторите да се откажат од протестните активности.

CATEGORIES
Share This