(ВИДЕО) ЗАВРШНИЦА ПО ФИНАЛЕТО ЗА ЗАБОРАВ Тепачка на теренот, црвени картони и Меси во центарот на скандалот

Финалето на Светското првенство 2026 требаше да остане запаметено по историската титула на Шпанија, но наместо тоа, последните моменти од натпреварот и случувањата по последниот свиреж предизвикаа големо внимание и бројни реакции ширум светот.
По пет недели фудбалски спектакл во САД, Мексико и Канада, Шпанија стигна до трофејот откако во продолженијата ја совлада Аргентина со 1:0. „Црвената фурија“ во текот на целиот меч изгледаше како подобар противник, но по завршувањето на натпреварот фокусот се префрли од играта кон контроверзните сцени на теренот.
Според видеа кои се појавија на социјалните мрежи, а не биле дел од директниот телевизиски пренос, веднаш по последниот судиски свиреж дошло до жестока расправија меѓу капитенот на Шпанија, Родри, и аргентинскиот фудбалер Науел Молина.
По вербалната пресметка следело меѓусебно туркање, а ситуацијата набрзо излегла од контрола. На снимките се гледа како Родри паѓа на тревата, додека Молина прави движење кон него, по што започнал општ хаос во кој се вклучиле и останатите играчи од двете селекции.
Во метежот се најде и Леандро Паредес, кој според достапните снимки учествувал во конфликт со неколку шпански репрезентативци. Иако натпреварот веќе бил завршен, арбитарот му покажал црвен картон поради неспортско однесување, а случајот се очекува да биде разгледан од дисциплинските органи на ФИФА.
Дополнителни реакции предизвика и церемонијата за доделување на медалите, каде дел од аргентинските играчи беа критикувани поради однесувањето за време на прославата на новиот светски шампион.
Во центарот на вниманието повторно се најде и Лионел Меси. Пред самиот крај на мечот, по еден дуел во кој Пау Кубарси остана да лежи на теренот, Марк Кукуреља му се приближи и накратко ја покри устата додека разговараше со него. Меси потоа се упати кон судиите, а дел од навивачите на социјалните мрежи тврдеа дека аргентинскиот капитен барал санкција за шпанскиот фудбалер.
Судијата, сепак, не покажа црвен картон ниту досуди дополнителна казна, но ситуацијата предизвика бројни дебати меѓу фудбалските фанови и аналитичарите.
Потегот го коментираше и поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, кој оцени дека станувало збор за реакција предизвикана од фрустрација.
Иако Шпанија заслужено го освои трофејот по одличното издание во финалето, сцените по завршувањето на натпреварот, конфликтите и спорните моменти му дадоа дополнителна драма на финалето и го направија едно од најдискутираните во поновата историја на Светските првенства.
JOE HART
There was one man on the pitch who did have class and that was Messi, who shook hands with every one of those Spanish players. The game’s done. They could have absolutely no complaints about what happened today. Disgusting behaviour. pic.twitter.com/0kiuo6wh1c— Amadou Sow (@_sow18) July 20, 2026
🚨🥊 Full scenes after final whistle.@MickyJnr__ 🎥 pic.twitter.com/ZXCvAFkHwy
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 20, 2026


