За транспарентноста и цензурата во македонското општество низ призмата на повлекување на колумната: Семоќниот Бранко Азески го постави професорот Марјан Ѓуровски за претседател на формираниот совет за унапредување на високото образование

Она што му се случува на лавот кога веќе не е млад и кога станува лесен плен за хиените и со тоа ја бришат легендата за него ни се случува и на нас.

За транспарентноста и цензурата во македонското општество низ призмата на повлекување на колумната: Семоќниот Бранко Азески го постави професорот Марјан Ѓуровски за претседател на формираниот совет за унапредување на високото образование
Фото: Национал

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, в
иш  државен просветен инспектор во пензија
Понеделник, 20 јули 2026 година

Мојата последна колумна која беше објавена во порталот Нетпрес, беше со наслов: Семоќниот Бранко Азески го постави професор Марјан Ѓуровски за Претседател на формираниот Совет за унапредување на високото образование. Објавата траеше само неколку часа, затоа што со силен притисок од страна на Бранко Азески до редакцијата на порталот Нетпрес, истата беше повлечена. Како достоинствен човек веднаш се обратив до првите луѓе во редакцијата и оттаму добив за мене неблагодарен одговор. А пред вистината и боговите молчат!

Искрено, бев вчудоневиден од начинот на кој со леснотија ми беше соопштена причината за повлекувањето на објавата, иако мојата соработка со порталот Нетпрес до тој момент беше коректна и за почит. Секако им укажав дека тие како редакција не мора да се согласуваат со моите ставови и слободно да напишат дека тоа се мои ставови и редакцијата нема поврзаност со истите.

Но, молк и остварување на желбите и барањата на Бранко Азески! Искрено, јас пак, немам никаква допирна точка со истиот, ниту пак имам некое мислење со кое би имал умисла да го повредам или предизвикам чувство на вознемиреност. Станува збор за личност која со децении раководи со Стопанската комора независно која политичка гарнитура е на власт. И тоа, за мене воопшто не е спорно, ниту пак предмет на интерес!

Сакајќи да спречам во иднина да не се појавуваат вакви примери на цензура и газење на моето достоинство, се обратив до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кој на јавна расправа одржана на ден 02.07.2026 година донесе мислење со кое мојата жалба е усвоена.

Притоа Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) утврдил дека порталот Нетпрес со таквата постапка отстапил од професионалните и етичките стандарди при известувањето.

Порталот Нетпрес отстапил од професионалните и етичките стандарди при известувањето, при што е прекршен член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, а во врска со точката 1.7 од Насоките за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија од страна на СЕММ.

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), констатира дека за прв пат по цела деценија работење се соочува со жалба за вакво прашање и заклучила дека, од една страна жалителот тврди дека текстот бил повлечен по интервенција на лице споменато во колумната  и дека станува збор за цензура, додека од друга страна, одговор и појаснување од медиумот не беше доставен до СЕММ.

Во точка 1.7 од Насоките за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија од страна на СЕММ е пропишано дека онлајн медиумите нема да прават измена на веќе објавени информации без јасна назнака за причината и времето кога  таа е направена.

Оваа одлука на Комисијата за жалби за мене претставува голема победа од човечка гледна точка. Никогаш луѓето не треба да се гледаат на големи и мали! Секој поединец треба да се почитува. Критика и аргументација прифаќам во секое време. Она што му се случува на лавот кога веќе не е млад и кога станува лесен плен за хиените и со тоа ја бришат легендата за него ни се случува и на нас. Еден ден повеќе нема да бидеме најсилни, најубави и најслушани. Животот се движи. И никој не може да му побегне. Ниеден престол не е вечен: еден ден нема да бидеме судени според тоа што сме имале, туку според трагата која сме ја оставиле во животот. Затоа да се почитуваме додека сеуште има време!

CATEGORIES
TAGS
Share This