ПРИМИЈА САМО ЕДЕН ГОЛ НА ЦЕЛ МУНДИЈАЛ Шпанците поставија рекорд за историја
Кубарси и Симон блеснаа на Мундијалот, а неверојатната дефанзивна статистика на Шпанија влезе во историјата на Светските првенства.

Шпанскиот репрезентативец Пау Кубарси е прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство 2026. Деветнаесетгодишниот дефанзивец одигра импресивен турнир, настапувајќи на сите осум натпревари на Шпанија без да биде заменет. На целиот шампионат доби само еден жолт картон, а неговиот придонес беше клучен за историската одбрана на „црвената фурија“.
Шпанија на Мундијалот прими само еден погодок, што претставува рекорд за една репрезентација која успеала да ја освои светската титула. Индивидуално признание доби и голманот Унаи Симон, кој ја освои наградата за најдобар голман на Светското првенство 2026.
Симон беше стартер на сите осум натпревари на Шпанија и прими само еден гол, поставувајќи рекорд меѓу голманите на шампионските селекции во историјата на Светските првенства.
Признанијата доаѓаат по големото финале во Њујорк, каде што Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и ја освои втората светска титула во својата историја.


