(ВИДЕО) ПРЕСМЕТКА КАЈ ОК КОРАЛ „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“ договориле тепачка „200“ на „200“ пред дербито Хајдук Динамо
Инцидентот се случил во областа Пујанка, каде според информации на хрватските медиуми, двете групи навивачи организирале судир во кој требало да учествуваат околу 200 лица од секоја страна.

Во пресрет на вечерешното големо хрватско дерби помеѓу Хајдук и Динамо, навивачките групи на двата клуба – „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“, утринава се впуштија во жестока договорена тепачка на улиците во Сплит.
Инцидентот се случил во областа Пујанка, каде според информации на хрватските медиуми, двете групи навивачи организирале судир во кој требало да учествуваат околу 200 лица од секоја страна. Благодарение на брзата реакција на хрватската полиција и специјалните единици, дел од учесниците биле приведени пред да започне масовниот конфликт, што придонесе за намалување на бројот на учесници во тепачката.
Сведоци и видеоснимки објавени од порталот „Далмација Данас“ потврдуваат дека се работело за претходно договорена пресметка меѓу двете навивачки групи. На снимките се гледаат сцени на насилство и конфузија, што уште еднаш ја потврдува високата тензија што традиционално го следи дербито меѓу сплитски Хајдук и загрепски Динамо.
Натпреварот кој е закажан за 16:00 часот на стадионот „Пољуд“ е означен како високоризичен, а безбедносните служби преземаат засилени мерки со цел да се избегнат понатамошни инциденти.
„Полицијата веднаш реагираше на известувањата за организиран судир помеѓу две навивачки групи. Уапсени се неколку лица, а за време на операцијата, многу учесници успеавме да ги спречиме да се впуштат во насилство. Безбедноста на јавноста и учесниците на утрешниот натпревар е наш приоритет и продолжуваме да работиме на тоа да се обезбеди мирно и безбедно одржување на сите настани поврзани со дербито – велат од полицијата.
„Ние како клуб строго се противиме на насилството и стоиме во одбрана на спортскиот дух. Изјавуваме дека навивачите на Хајдук се секогаш посветени на поддршката за својот клуб, но без насилство и нарушување на јавниот ред. Се надеваме дека ќе имаме мирен натпревар, во кој ќе победат оние кои најдобро ќе играат“ – се огласија од Хајдук:
„Како клуб, го осудуваме секој облик на насилство, било да се случува на теренот или надвор од него. Нашите навивачи се познати по својата страст, но ние повикуваме на мирен спорт и се надеваваме дека ова дерби ќе помине во духот на фудбалот и почитувањето на противникот“ – изјави претставник на Динамо:
Хрватската јавност и натаму со загриженост ја следи состојбата, надевајќи се дека страстите ќе останат само на теренот, а не и надвор од него.

