УХМР НАЈАВИ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Утринска магла, сончеви периоди, а попладне дожд низ Македонија
Времето ќе биде променливо облачно со температури од 2 до 13 степени.

Фото: Принтскирн
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, но граѓаните треба да бидат подготвени и за локални врнежи од дожд во текот на попладневните часови.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека дневните температури ќе се движат од 2 до 13 степени.
Попладне, како и кон крајот на денот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија

