ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата – АМСМ предупредува и на одрони

На граничните премини нема подолги задржувања, а возачите треба да бидат особено внимателни на делниците каде постои опасност од одрони.

ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата – АМСМ предупредува и на одрони
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

АМСМ потсетува дека од денеска, 15 ноември 2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе трае до 15 март 2027 година.

Повеќе информации за задолжителната зимска опрема може да прочитате ТУКА.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This