(ВИДЕО) НЕЗГОДНА СЦЕНА НА Г7 Камерите го фатија Трамп во момент кој ја разбранува јавноста

Американскиот претседател остана неподвижен додека другите лидери се свртеа кон камерите за официјалната фотографија на самитот на Г7.

(ВИДЕО) НЕЗГОДНА СЦЕНА НА Г7 Камерите го фатија Трамп во момент кој ја разбранува јавноста
Фото: Принтскрин

Камерите го уловија моментот кој привлече големо внимание на самитот на Г7 во францускиот град Евиан. Додека светските лидери се подготвуваа за официјалната заедничка фотографија, американскиот претседател Доналд Трамп остана загледан пред себе, додека останатите се свртеа кон фотографите.

На снимката се гледа како францускиот претседател Емануел Макрон им дава знак на лидерите да погледнат кон камерите. По неговиот повик, речиси сите веднаш се насочија кон фотографот, но Трамп остана во истата положба.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, каде предизвика бројни реакции и дискусии за однесувањето и вниманието на американскиот претседател, особено откако неодамна го одбележа 80-тиот роденден.

Дополнително внимание привлече и неговото пристигнување на самитот. Трамп кратко се поздрави со Макрон, потоа ѝ се приближи на неговата сопруга Брижит и ја бакна, а потоа следуваше долго ракување со францускиот претседател кое, според медиумските мерења, траело околу 13 секунди.

CATEGORIES
TAGS
Share This