ТРАМП И БРИЖИТ МАКРОН ПОВТОРНО ПРИВЛЕКОА ВНИМАНИЕ Снимките од Г7 ги збунија сите
Фотографиите предизвикаа бројни реакции, но зад необичниот момент се крие сосема поинаква приказна.

Брижит Макрон и Доналд Трамп повторно беа во фокусот на јавноста за време на самитот на Г7, откако нивните гестови пред камерите предизвикаа големо внимание низ светот.
По необично долгото ракување кое го имаа при официјалниот пречек, кое траеше околу 13 секунди, нов момент меѓу сопругата на францускиот претседател и американскиот лидер повторно стана тема во медиумите.
На фотографиите направени за време на самитот се гледа како Брижит Макрон го држи Трамп за надлактицата, додека тој ги допира нејзините раце. Снимките веднаш предизвикаа бројни реакции, но зад необичната сцена се крие сосема поинаква причина.
Имено, додека се качувала на подиумот за официјалното фотографирање, првата дама на Франција за момент изгубила рамнотежа. Во обид да спречи пад, таа се потпрела на Трамп, кој веднаш ѝ подал рака за помош.
Американскиот претседател потоа се уверил дека Брижит е добро, пред двајцата заедно со останатите лидери да застанат пред фотографите. Така, моментот кој на прв поглед изгледаше необично, всушност бил само кратка гест на помош во непријатна ситуација.
This video of Brigitte Macron at the G7 is going viral as people start to see it 👀 pic.twitter.com/tNcsJl1mik
— Matt Wallace (@MattWallace888) June 17, 2026


