(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТЕН ИНЦИДЕНТ – Додека се пукаше, гости фатени како прават нешто шокантно

Снимки за однесувањето на некои од гостите предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТЕН ИНЦИДЕНТ – Додека се пукаше, гости фатени како прават нешто шокантно
Фото: Принтскрин

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп беше итно евакуиран за време на вечерата на Здружението на дописниците од Белата куќа, што се одржувала во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, поради пукотница во близина на безбедносната зона на објектот. Во моментите на хаос и паника, дел од присутните почнале да бегаат за да се заштитат, а на снимки објавени на социјалните мрежи се гледа и како некои лица искористуваат ситуацијата и земаат шишиња вино од масите.

На видеата што кружат онлајн се забележува дека, во услови на врева и евакуација, поединци ги земале шишињата вино кои им биле на дофат.

Според објави на социјалната мрежа „X“, дел од корисниците коментирале дека гостите биле видени како земаат вино додека излегувале од просторот, при што се поставуваат и прашања околу нивното однесување во моментот на кризата.

Да потсетиме, според првичните податоци, вооружениот напаѓач се обидел да го пробие безбедносниот пункт и отворил оган околу 20:40 часот. Сведоци изјавиле дека се слушнале неколку истрели, по што настанала паника и дел од присутните се засолниле под масите.

Напаѓачот, за кого се наведува дека бил вооружен со огнено оружје и ножеви, бил совладан и уапсен во близина на контролниот пункт, пред да влезе во главната сала каде што се одржувала манифестацијата.

Од Тајната служба соопштија дека веднаш реагирале и го евакуирале претседателот Трамп, првата дама и други високи функционери во безбедна зона. Потврдено е дека претседателот не е повреден.

Во инцидентот е ранет еден агент, но неговиот живот не е во опасност, бидејќи бил заштитен со панцир.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот засега не се познати. Според досегашните информации, не постојат индикации за вмешаност на повеќе лица.

CATEGORIES
Share This