ВЕНС СО ИТНА ПОРАКА ОД ШВАЈЦАРИЈА Постигнавме голем напредок, што се договорија САД и Иран?

Џеј Ди Венс тврди дека во последните часови е постигнат значителен напредок, додека разговорите меѓу двете страни продолжуваат во Швајцарија.

ВЕНС СО ИТНА ПОРАКА ОД ШВАЈЦАРИЈА Постигнавме голем напредок, што се договорија САД и Иран?
Фото: Принтскрин

Во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток денеска се одржува важна средба меѓу претставници на Иран, САД, Катар и Пакистан, која претставува продолжение на договорените активности по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран оваа недела.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, по разговорите откри дека има значителен напредок во преговорите.

„Постигнавме голем напредок во последните неколку часа“, изјави Венс пред новинарите.

Тој не наведе дополнителни детали за текот на разговорите.

Тој порача дека неговата визија е иднина во која, и покрај долгогодишните тензии и обвинувања дека Иран придонесува за регионалната нестабилност, ќе постои можност за соработка насочена кон мир и економски развој.

САД И ИРАН СЕДНАА НА ИСТА МАСА Светот го следи состанокот во Швајцарија

CATEGORIES
Share This