САД И ИРАН СЕДНАА НА ИСТА МАСА Светот го следи состанокот во Швајцарија
Вашингтон и Техеран испратија високи претставници, додека меѓународната заедница го очекува исходот од средбата.

Делегации на Соединетите Американски Држави и Иран пристигнаа во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, каде што треба да започнат разговорите меѓу двете страни, со посредство на Катар и Пакистан.
Според соопштението на швајцарското Министерство за надворешни работи, американската делегација ја предводи потпретседателот Џ. Д. Венс, додека иранската страна ја претставува претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф.
„Американската делегација предводена од потпретседателот на САД Џ. Д. Венс и иранската делегација предводена од Мохамед Багер Калибаф, како и медијаторите од Пакистан и Катар пристигнаа во Бургеншток“, се наведува во соопштението.
Разговорите се очекува да започнат во текот на утрото, а според британскиот „Скај њуз“, главна тема ќе бидат односите меѓу Вашингтон и Техеран.
Венс пристигна во Швајцарија рано утрово. Според неговиот портпарол, американскиот потпретседател и неговата сопруга слетале во 5:59 часот по локално време во воздухопловната база Емен, во близина на Луцерн.
Тој отпатува од Вашингтон во саботата, во пресрет на преговорите кои се следат со големо внимание поради зголемените тензии меѓу САД и Иран.
14 ТОЧКИ КОИ МОЖАТ ДА ГО СМЕНАТ СВЕТОТ Што пишува во Меморандумот меѓу САД и Иран


