НОВА БУРА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Трамп му постави црвена линија на Иран

Американскиот претседател предупреди дека Вашингтон е подготвен за нова воена акција доколку Техеран не преземе мерки против нападите врз Израел

НОВА БУРА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Трамп му постави црвена линија на Иран
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани кон Иран, предупредувајќи дека Вашингтон би можел повторно да изврши силни воени напади доколку Техеран веднаш не преземе мерки против нападите на либанската група Хезболах врз Израел.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп побара Иран да ги запре своите, како што ги нарече, „високо платени посредници“ во Либан кои предизвикуваат тензии во регионот.

„Доколку не го направат тоа, повторно ќе го погодиме Иран многу силно, како што направивме минатата недела, но овојпат уште посилно“, порача американскиот претседател.

Во меѓувреме, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека во дипломатските разговори за Блискиот Исток е постигнат „значаен напредок“. Тој посочи дека преговорите се однесуваат и на состојбата во Либан, но и на односите меѓу Вашингтон и Техеран.

Говорејќи во швајцарското одморалиште Биргеншток, каде што се одржуваат разговорите со посредство на Катар и Пакистан, Венс оцени дека САД се наоѓаат во „историски момент“ и дека целта е да се постигне поширок договор кој би придонел за стабилност и промена на односите со Иран.

„Претседателот Трамп ни нареди да свртиме нова страница и да го промениме односот со народот на Иран“, изјави Венс.

Американската администрација, според него, сака преку дипломатија да обезбеди долгорочна стабилност во регионот и услови за соработка.

Американски и ирански претставници, заедно со катарски посредници, одржаа трилатерална средба во Швајцарија во рамки на пошироките разговори за иднината на Блискиот Исток.

ТРАМП ТВРДИ Иран е скршен, Америка повторно владее

CATEGORIES
TAGS
Share This