УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ НА СКОПЈЕ Исклучувања во пет општини, проверете дали сте на списокот
Прекините на електричната енергија на 12 ноември ќе траат од неколку часа до поголем дел од денот. Без струја ќе останат делови од Илинден, Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште, како и објектот на Македонската опера и балет.

Поради планирани технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, утре (12 ноември 2026 година) прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во повеќе скопски општини. Според најавата, исклучувањата ќе се одвиваат во следните термини и на овие локации:
– Илинден (08:00 – 15:30 часот): Без струја ќе останат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери и на улицата „27“. Прекинот е поради замена на пет столбови на извод 5 од ТС Белимбегово 6.
– Кисела Вода (08:30 – 16:00 часот): Прекинот ќе опфати дел од улицата „Христо Татарчев“ 14 и дел од улицата „Христо Татарчев“ 2.
– Гази Баба (09:00 – 14:00 часот): Без електрична енергија ќе бидат жителите на улиците „Хусеин Бајрам“, „Лезе Томи“, „Григор Прличев“, како и улиците со броеви 163, 165, 166, 170 и 171. Ќе се вршат интервенции во трафостаниците Старо Нова Бања 1 и 2, кои вклучуваат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло.
– Сопиште (09:00 – 13:00 часот): Без напојување ќе биде дел од населеното место Црвена Вода (Црвена Прс).
– Центар (09:30 – 15:30 часот): Поради планиран зафат на електродистрибутивната мрежа, без струја ќе биде објектот на Македонската опера и балет (МОБ).
Се препорачува жителите и корисниците на наведените локации навреме да ги приспособат своите активности на најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.

