МЕРЦ МОЖЕ ДА СЕДНЕ НА МАСА СО ПУТИН Од Абу Даби пристигнува сигнал за можен пресврт во односите

По принципиелниот договор меѓу европските, американските и украинските претставници во Абу Даби, се отвора можност за разговори меѓу германскиот канцелар и рускиот претседател.

МЕРЦ МОЖЕ ДА СЕДНЕ НА МАСА СО ПУТИН Од Абу Даби пристигнува сигнал за можен пресврт во односите
Фото: Принтскрин

Се отвора ли патот за директни разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин? По разговорите во Абу Даби меѓу европските, американските и украинските претставници, од Берлин и Москва пристигнаа сигнали дека е можен нов дипломатски контакт.

Портпаролот на германската влада изјави дека во Абу Даби бил постигнат принципиелен договор за основните насоки на идните преговори за Украина. Според него, договорените принципи им биле презентирани и на руската страна, но Москва сè уште не дала согласност.

Одговарајќи на прашањето дали Мерц е подготвен директно да разговара со Путин, германскиот владин портпарол посочи дека разговорите би можеле да следат врз основа на договорените насоки од средбите во Абу Даби, објави „Ројтерс“.

Во меѓувреме, од Кремљ пристигна потврда дека рускиот претседател е отворен за можни контакти со европските лидери, вклучително и со германскиот канцелар. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Путин отсекогаш бил подготвен за контакти со сите партнери, вклучувајќи ги и претставниците на европските држави.

На директното прашање дали оваа подготвеност се однесува и на Фридрих Мерц, Песков одговори потврдно.

Песков истовремено информираше дека сè уште не е донесена одлука дали Путин ќе учествува на претстојниот самит на Г20 во Соединетите Американски Држави, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

CATEGORIES
Share This