АУКЦИЈА СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Македонија не успеа да го продаде целиот понуден долг
На аукцијата биле понудени 615 милиони денари, но инвеститорите купиле државни записи во вредност од 543,8 милиони денари.

Министерството за финансии на Северна Македонија на последната аукција продаде едногодишни државни записи во вредност од 543,8 милиони денари, односно околу 8,8 милиони евра. Сепак, реализираниот износ е понизок од првично планираниот.
На аукцијата биле понудени државни записи во вредност од 615 милиони денари, но инвеститорите доставиле понуди во вкупен износ од 543,77 милиони денари, колку што на крајот и било реализирано.
Државните хартии од вредност ќе доспеат на 16 јуни 2027 година, а предвидуваат фиксна годишна каматна стапка од 4,10 проценти.
Продажбата ја спроведува Народната банка во име на Министерството за финансии преку тендерски механизам со однапред утврдена цена и каматна стапка. Примарните учесници на аукцијата доставуваат понуди единствено за износот што сакаат да го купат.
Пониската побарувачка во однос на понудениот износ покажува дека државата не успеала целосно да ја реализира планираната сума на задолжување преку оваа аукција.


