УЕФА МЕНУВА СÈ Нови правила за жолтите картони и семафорите

Промените ќе важат во сите европски клупски натпреварувања од новата сезона.

УЕФА МЕНУВА СÈ Нови правила за жолтите картони и семафорите
Фото: Принтскрин

УЕФА воведува две значајни промени во правилата пред почетокот на новата сезона, кои ќе важат за сите клубови што ќе настапуваат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Една од новините се однесува на суспензиите поради жолти картони. Наместо досегашната граница од три жолти картони, фудбалерот ќе заработи суспензија откако ќе го добие четвртиот жолт картон во лигашката фаза. Потоа, нова суспензија ќе следува по секои два дополнителни картони,  односно по шестиот, осмиот и секој следен пар.

Промена има и кај семафорите на стадионите. Од новата сезона, официјалниот часовник повеќе нема да запира на 45-тата и 90-тата минута. Тој ќе продолжи да го покажува времето и во периодот на судиското продолжение, како и во продолженијата доколку натпреварот одигра дополнителни 30 минути.

Со оваа одлука УЕФА ја прифаќа практиката која веќе подолг период се применува во англиската Премиер лига. Новите правила ќе стапат во сила со почетокот на новата европска сезона и ќе се применуваат во сите клупски натпреварувања под организација на УЕФА.

CATEGORIES
Share This