ТРИ АВТОРКИ, ЕДЕН СТРИП-СВЕТ Скопски стрипосестри 2026 доаѓа во Скопје

Дона да Видра, Ангела Петрушевска и Евгенија Трајковска со свои дела ќе ја претстават моќта на визуелното раскажување во деветтата уметност.

ТРИ АВТОРКИ, ЕДЕН СТРИП-СВЕТ Скопски стрипосестри 2026 доаѓа во Скопје
Фото: Томе Трајков

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Здружението на стрип автори и љубители на стрипот „Стрип центар – Стрипот може“ од Велес организираат изложба насловена „Скопски стрипосестри 2026“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на три талентирани авторки Дона да Видра, визуелна уметница, Ангела Петрушевска, мултидисциплинарна уметница и Евгенија Трајковска, визуелна уметница.

Проектен менаџер и промотор е Томе Трајков, додека куратор на изложбата е Иван Станчевски.

Изложбата ќе биде отворена на 14 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 19 часот, во галеријата „КО-РА“, мал салон, во Скопје.

Организаторите ги повикуваат љубителите на стрипот и визуелната уметност да присуствуваат на отворањето и да дадат свој придонес во разговорот за развојот на деветтата уметност во Македонија.

„Дојдете заедно да го прославиме креативниот израз и моќта на визуелното раскажување приказни преку деветтата уметност да размениме мислења или едноставно да се видиме“, порачуваат организаторите.

CATEGORIES
Share This