ТРАМП ПРИЗНА Војната со Иран ни донесе изборен пораз, но повторно би ја направил истата работа
Американскиот претседател се согласи со проценката на Џ.Д. Венс дека конфликтот влијаел врз изборниот резултат на републиканците, поради краткорочното зголемување на цените на горивата.

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со оценката на потпретседателот Џ.Д. Венс дека војната со Иран придонела за изборниот пораз на републиканците на среднорочните избори во САД.
Трамп призна дека конфликтот предизвикал краткорочно зголемување на цените на бензинот, што можело да влијае врз расположението на гласачите, но нагласи дека воената операција била неопходна за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.
„Мислам дека тоа е претежно точно, бидејќи на краток рок малку ја зголеми цената на бензинот“, изјави Трамп пред новинарите на градилиштето на новата балска сала во Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен.
Сепак, американскиот претседател јасно стави до знаење дека не жали за донесената одлука и дека повторно би постапил на истиот начин доколку се најде во идентична ситуација.

