ТРАМП ОТКРИ БИЗАРЕН ПРОБЛЕМ СО ТЕЛЕФОНОТ – Меланија ми стануваше Мелоди, побарав помош од војската
Инцидентот, како што вели, му создал непријатности и јавни критики.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал необичен проблем со својот телефон, откако функцијата за автоматска корекција постојано го менувала името на неговата сопруга од „Меланија“ во „Мелоди“, што, според него, предизвикало и јавни недоразбирања.
На прием во Белата куќа, Трамп со доза на хумор раскажа дека при испраќање пораки до првата дама Меланија Трамп, телефонот често ја менувал содржината без негово знаење, па така пораките излегувале со погрешно име.
Тој рече дека поради тоа понекогаш испраќал пораки без проверка, што довело до критики од јавноста и забуни околу тоа дали навистина го погрешил името на сопругата.
Како што додаде, проблемот бил решен со помош на „воен тим“, на шега нагласувајќи дека морал да побара посериозна техничка интервенција.
Изјавата првично била пренесена од Фокс њуз.
