МАКЕДОНИЈА СО РЕКОРДНИ РЕЗЕРВИ НА КЕРОЗИН – Доволни за 90 дена, а законот бара само 60
Резервите на керозин во земјата се стабилни и надминуваат законски пропишаните стандарди.

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека нема проблем со снабдувањето со керозин, нагласувајќи дека државата располага со резерви за 90 дена, иако законската обврска е 60 дена.
Тој појасни дека со керозин се снабдуваат аеродромите во Скопје и Охрид, како и целосно аеродромот во Приштина, а делумно и аеродромот во Ниш. Според него, Скопје станало центар за снабдување на четири аеродроми во регионот.
И покрај најавите за откажувања на летови, Николоски истакна дека во јуни се планира отворање на пет нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром. Аустриан Ерлајнс ќе воведе лет од Виена до Охрид за првпат, додека Визер ќе лета од Охрид до Краков и Вроцлав. Од Скопје се воведуваат и нови линии кон Палермо и Алгеро на Сицилија и Сардинија.
