ЌЕ ГО ПОБЕДЕВМЕ ТРАМП Хилари откри како една одлука на Бајден им ја одзела победата
Одлуката на Бајден да остане во трката била „голема грешка“ која оставила сериозни последици за демократите, вели Хилари

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон смета дека одлуката на Џозеф Бајден да се кандидира за втор претседателски мандат била една од најголемите грешки што придонеле за изборниот пораз на Демократската партија во 2024 година.
Клинтон, говорејќи на партиски настан во Њујорк, изјави дека Бајден требало порано да се повлече од трката и да ѝ остави доволно време на партијата да спроведе отворен процес за избор на нов кандидат.
„Тој направи голема грешка за себе, за своето наследство и за земјата“, рече Клинтон, според „Гардијан“.
Според неа, доколку Бајден уште во 2023 година објавел дека нема да се кандидира, Демократската партија ќе имала можност да организира внатрепартиска борба и да избере кандидат кој би имал поголеми шанси на изборите.
Клинтон оцени дека кој било кандидат што би произлегол од таква конкуренција без разлика дали тоа би бил потпретседател, гувернер, сенатор или друга истакната фигура би можел да го победи Доналд Трамп.
Таа одлуката на Бајден да остане во изборната трка ја опиша како „страшна погрешна проценка“ која, според неа, имала сериозни последици за демократите.


