ДЕНЕСКА НА МУНДИЈАЛОТ Два меча кои можат да ја променат групата
Канада и БиХ вечерва го отвораат дуелот во Торонто пред полни трибини и големи очекувања.

Вечерва и во раните утрински часови на програмата се два натпревари од шампионатот кој стартуваше вчера.
Од 21 часот во Торонто се среќаваат домаќинот Канада и селекцијата на БиХ, репрезентација за која навива целиот Балкан. Очекувањата се големи, а многумина посакуваат Џеко и соиграчите да прикажат добра игра и да стигнат до позитивен резултат во првиот настап во групата Б.
Иако Босна и Херцеговина е во улога на гостин, „Змаевите“ имаа силна поддршка од трибините, со околу 30.000 навивачи на стадионот во Торонто кои ќе создадат вистинска фудбалска атмосфера. Сепак, задачата нена да биде лесна, Канада настапува пред својата публика и со силен тим, додека БиХ влегува во мечот со оптимизам и еуфорија од стартот на турнирот.
Поголем дел од натпреварите на ова Светско првенство се играат во САД, каде што домашната репрезентација е под силен притисок и внимателно следена од јавноста. Очекувањата се високи, но формата на тимот предводен од Маурицио Покетино беше променлива во изминатиот период, со неколку тешки порази, меѓу кои 5-2 од Белгија и 4-0 од Швајцарија.
Сепак, САД забележаа и победи во подготвителниот период, меѓу кои и триумф против Парагвај во пријателски натпревар одигран непосредно пред ждрепката во Вашингтон, каде што овие две селекции се најдоа во иста група.
Парагвај се враќа на Светското првенство по 16 години пауза, а нивниот најдобар резултат останува четвртфиналето во Јужна Африка.
САД и Парагвај својот натпревар го играат во 03:00 часот на „СоФи стадионот“ во Инглвуд.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕС
ГРУПА Б
Торонто 21:00 ч., Канада – БиХ
ГРУПА Д Инглвуд 03:00 ч., САД – Парагвај


