ТРАГЕДИЈА НА ГРАДИЛИШТЕ – Познат идентитетот на загинатиот работник, тројца повредени
Телото на починатиот е дадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.

Познат е идентитетот на лицето кое го загуби животот во несреќата што се случи вчера на градилиште во скопската населба Кисела Вода. Станува збор за 34-годишен работник од Крива Паланка, сопруг и татко на две малолетни деца.
Како што веќе информираше Национал, во инцидентот се повредени уште тројца работници, кои се згрижени на скопските клиники и се надвор од животна опасност.
Телото на починатиот е дадено на обдукција, а надлежните инспекциски служби вршат проверки дали биле почитувани сите пропишани безбедносни протоколи за заштита при работа.
Во тек е истрага за утврдување на причините за трагедијата на објектот, чиј инвеститор е Ивица Коневски, адвокат, бизнисмен и поранешен градоначалник на општина Аеродром.
ТРАГЕДИЈА УТРИНАВА ВО КИСЕЛА ВОДА – Работници затрупани при ископ, еден загина
