ТРАГЕДИЈА УТРИНАВА ВО КИСЕЛА ВОДА – Работници затрупани при ископ, еден загина

Несреќата се случила при ископ на темели, кога се урнало земјиштето врз работниците.

ТРАГЕДИЈА УТРИНАВА ВО КИСЕЛА ВОДА – Работници затрупани при ископ, еден загина
Фото: Принтскрин

Голема трагедија утринава ја потресе скопската општина Кисела Вода, каде при градежни работи едно лице го загуби животот, а тројца работници се здобиле со тешки повреди.

Несреќата се случила на улицата „Козјак“, во близина на паркот „Македонија“, при ископ на темели за нов објект. Според првичните информации, дошло до уривање на земјиштето, кое ги затрупало работниците за време на изведување на градежните активности.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во 08:17 часот во СВР Скопје. На почетокот биле затрупани тројца работници, од кои двајца биле извлечени и веднаш пренесени со возила на Итната медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во меѓувреме, спасувачките екипи, во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита, спровеле интензивна акција за извлекување на третото лице.

Според информациите од Итната медицинска помош, едно лице подоцна им подлегнало на повредите.

На терен интервенираа полиција, пожарникари и медицински тимови, додека надлежните институции работат на утврдување на точните причини за несреќата.

Засега нема дополнителни информации за состојбата на повредените.

CATEGORIES
Share This