ТРАГЕДИЈА КОЈА НЕ СЕ ЗАБОРАВА Осум македонски бранители загинаа кај Љуботенски Бачила пред 25 години
Мицкоски се поклони пред нивната жртва и порача дека споменот за загинатите и болката на нивните семејства мора да се чуваат.

Денеска се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, во кој на 10 август 2001 година животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата.
По тој повод се огласи премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека споменот за загинатите бранители мора да се чува.
Во трагичниот настан животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
„Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски истакна дека нивната жртва останува дел од сеќавањето на Македонија и на борбата за мирот и безбедноста на државата.

