ТАЈНА ЗДЕЛКА ШТО ЈА РАЗДРМА БРИТАНИЈА САД сакаат да ги купат Чагос островите

Планот се разгледува во случај Велика Британија да го пренесе суверенитетот на Маврициус.

ТАЈНА ЗДЕЛКА ШТО ЈА РАЗДРМА БРИТАНИЈА САД сакаат да ги купат Чагос островите
Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за купување на островите Чагос од Маврициус, во случај Велика Британија да го пренесе суверенитетот врз архипелагот на Маврициус, каде што се наоѓа стратешки значајната британско-американска воена база „Диего Гарсија“, изјави денес американски функционер запознаен со преговорите.

Според истиот извор, кој зборувал за британскиот „Телеграф“, Белата куќа води редовни разговори со Даунинг стрит за иднината на базата на Диего Гарсија.

Купувањето на островите се споменува како една од неколкуте опции во документ подготвен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, чија цел е да се обезбедат алтернативни решенија на планот на британскиот премиер Кир Стармер за пренесување на суверенитетот врз островите на Маврициус.

CATEGORIES
Share This