ПАШИНИЈАН ПРОГЛАСИ ПОБЕДА „Граѓански договор“ ќе ја формира новата влада во Ерменија

Централната изборна комисија објави делумни резултати: преброени над 1.400 од 2.005 избирачки места.

ПАШИНИЈАН ПРОГЛАСИ ПОБЕДА „Граѓански договор“ ќе ја формира новата влада во Ерменија
Фото: Принтскрин

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, лидер на партијата „Граѓански договор“, ја прогласи победата на својата партија на парламентарните избори што се одржаа во Ерменија.

„Парламентарните избори се одржаа на 7 јуни 2026 година, а ‘Граѓански договор’ победи и ќе ја формира новата влада“, изјави Пашинјан на прес-конференција пренесувана од локалните медиуми, пренесува ТАСС.

Според најновите податоци на Централната изборна комисија на Ерменија, врз основа на резултати од 1.488 од вкупно 2.005 избирачки места, „Граѓански договор“ и натаму е во водство, но за првпат падна под прагот од 50 отсто, со освоени 49,44 проценти од гласовите.

CATEGORIES
Share This