СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ВО ЊУЈОРК Започнува генералната дебата на 81-та сесија на ОН

Околу 130 шефови на држави и влади ќе ги претстават своите пораки за глобалните предизвици и приоритети.

СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ВО ЊУЈОРК Започнува генералната дебата на 81-та сесија на ОН
Фото: Принтскрин

Генералната дебата во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) започнува денес и ќе трае до 28 септември. На собирот во седиштето на ОН во Њујорк, светските лидери ќе разговараат за најголемите глобални предизвици и приоритети, под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Според информациите објавени на веб-страницата на ОН, на генералната дебата лично ќе присуствуваат околу 130 шефови на држави и влади, кои ќе ги претстават своите ставови и пораки за актуелните меѓународни прашања.

81-та сесија на Генералното собрание на ОН започна на 8 септември, а со неа претседава Халилур Рахман од Бангладеш, кој во јуни годинава беше избран за претседател на Генералното собрание.

Рахман утре официјално ќе ја отвори генералната дебата и ќе им се обрати на учесниците. Пред неговото обраќање, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе го презентира извештајот за работата на Организацијата.

Во фокусот на овогодишната дебата се очекува да бидат глобалната безбедност, меѓународната соработка, тековните кризи и начините за зајакнување на довербата во мултилатералниот систем.

CATEGORIES
Share This