СТИГНУВА ДОЖДОТ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Македонија ја очекува студен и дождлив ден
Обилни врнежи над 30 литри на квадратен метар, дождот ќе продолжи и во текот на ноќта

Фото: Национал
Македонија денеска ја очекува претежно облачно и постудено време, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Температурите ќе се движат од 7 до 21 степен, а локално врнежите ќе бидат пообилни, со над 30 литри дожд на квадратен метар.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно и постудено време. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои во одделни делови од Скопската Котлина ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.
Ветерот во главниот град ќе биде слаб до умерен и ќе дува од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

