СООБРАЌАЈОТ НЕПРЕЧЕН, СУВИ КОЛОВОЗИ Без подолги задржувања на границите
Суви коловози и умерен сообраќај, без подолги задржувања на граничните премини – АМСМ со апел до возачите

Фото: Национал
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони.
CATEGORIES Македонија

