СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Нема задржување на границите, но внимавајте на овие патни делници

Умерен интензитет на патиштата, без подолги задржувања на граничните премини. Возачите да внимаваат на можни одрони на критичните делници.

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Нема задржување на границите, но внимавајте на овие патни делници
Фото: Принтскрин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This