СООБРАЌАЈОТ НЕПРЕЧЕН, СУВИ КОЛОВОЗИ – АМСМ со предупредување за одрони
Умерена фреквенција на патиштата и без подолги задржувања на граничните премини. Возачите да бидат внимателни на критичните делници.

Фото: Национал
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури каде постои опасност од одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите возила со маса до 3,5 тона.
CATEGORIES Македонија

