MICRO RGB Пристигна супер-автомобилот помеѓу телевизорите
Секоја индустрија има свој врв. Автомобилската индустрија ги има супер - спортските автомобили, а светот на телевизорите сега го има Micro RGB. Најновата водечка технологија на “Samsung“ ја носи најчистата боја што компанијата досега ја прикажала, со посебен фокус на удобноста при гледањето.

По дваесет години на позицијата број еден водечки ТВ бренд во светот, “Samsung” лесно можеше да игра на сигурно. Наместо тоа, компанијата го претстави првиот во светот Micro RGB телевизор, нов вид екран што ги применува сите сознанија на “Samsung“ за светлината и бојата и ги подигнува на повисоко ниво.
Помали од снегулка
Повеќето телевизори ја осветлуваат својата слика со бело или сино светло кое потоа се филтрира во боја. Micro RGB функционира поинаку. Зад екранот се наоѓаат микроскопски црвени, зелени и сини светла, помали од снегулка и секое од нив се контролира поединечно.
Бидејќи телевизорот ја создава токму онаа боја што е потребна за секој дел од сликата, боите излегуваат почисти и поприродни. Зајдисонцето свети без да изгледа вештачки, тоновите на кожата изгледаат како вистинска кожа, а длабоката зелена боја на фудбалското игралиште изгледа исто како на стадионот.
Резултатот е најширокиот опсег на бои некогаш видени на “Samsung” ТВ уред, кој го покрива целиот стандард на бои дефинирани за видео од следната генерација.
Моќен “мозок” зад убавината
“Супер – автомобилот” е повеќе од неговиот мотор; тоа е прецизноста со која се контролира моќта. Истото важи и за Micro RGB. Наменски AI процесор ја анализира секоја сцена во реално време и ги приспособува бојата, контрастот и движењето, така што сликата секогаш изгледа онака како што режисерот имал интенција.
Micro RGB Precision Color 100 ги одржува боите точни и конзистентни од една сцена во друга. Ништо не изгледа презаситено, ништо не изгледа избледено.
Најбезбедниот “супер – автомобил” на патот
Одличниот квалитет на сликата не се однесува само на осветленоста. Технологијата Micro RGB е сертифицирана од германскиот институт “VDE“ за безбедност за очите, со намалено сино светло за удобно гледање за време на долгите вечери. Таа исто така го поддржува природниот ритам на вашето тело, нежно приспособувајќи ја температурата на бојата и осветленоста во текот на денот.
Замислете го како “супер – автомобил” со највисока оценка на тестовите за судир: возбудливи перформанси, без компромиси.
Кино вечер, вечер на натпревар
Micro RGB е најдобриот избор на “Samsung” за секој што сака вистинско кино-искуство дома. Длабокиот контраст и живописните бои ве вовлекуваат во секоја сцена, а глаткото движење ве задржува во приказната.
Подеднакво е импресивен и за спорт. Со функцијата AI Football Mode Pro, телевизорот го препознава натпреварот и автоматски ги прилагодува сликата и звукот за атмосфера како на стадион. А со AI Sound Controller Pro, можете засебно да ги засилите коментаторот, музиката или ефектите, со една едноставна команда.
Како и секој “Samsung” телевизор од 2026 година, Micro RGB доаѓа со седум години бесплатни надградби на оперативниот систем. Со Vision AI Companion, можете да поставите прашање за она што го гледате и да го видите одговорот директно на екранот.
Два начина за управување со супер-автомобил
R95H: врвниот водечки модел. Ако го сакате најдоброто од “Samsung”, ова е тоа. Тој го додава најмоќниот AI процесор, технологијата Glare Free која ги отстранува одблесоците дури и во осветлена просторија и елегантниот Infinity Air дизајн кој изгледа како да лебди на ѕидот. Со опционалниот Wireless One Connect, каблите стануваат минато. Достапен во големини од 65, 75, 85 и 115 инчи.
R85H: Micro RGB на дофат на рака. R85H ја нуди истата Micro RGB технологија и прецизност на боите по поволна цена. Достапен е во големини од 55 до 100 инчи, така што има по еден модел соодветен за секоја дневна соба.
Совршениот звучен партнер
Сликата на “супер – спортски автомобил” заслужува и звук на “супер – спортски автомобил”. За моделот R95H “Samsung” го препорачува саундбар звучникот Q990H, додека пак за R85H – моделот Q800H. Благодарение на функцијата Q-Symphony, звучниците на телевизорот и саундбарот работат заедно како еден систем, исполнувајќи ја просторијата со чист дијалог и имерзивен сараунд звук.
Врвно искуство при гледањето со посебни поволности
Ако размислувате за нов Micro RGB телевизор, до 31 декември 2026 година ве очекуваат посебни поволности. Со купување и регистрација на избраните модели можете да обезбедите пет години заштита со “Samsung Care“, додека за модели со дијагонала од 98 инчи или повеќе е обезбедена бесплатна достава и монтажа.
Новиот врв
Дваесет години на врвот се ветување за постојано напредување. Со Micro RGB, “Samsung” постави нов стандард за тоа што може да биде еден телевизор: најчиста боја, брилијантна слика и удобност за очите, сè во едно.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.”
“Samsung” го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung” исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman”. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung” нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung” Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

