СООБРАЌАЈОТ НЕПРЕЧЕН, КОЛОВОЗИТЕ СУВИ Без подолги задржувања на границите
АМСМ апелира на внимателно возење поради можност од одрони, а патот Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона.

Фото: Национал
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебно внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.
Сезонски режим: Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тона.
CATEGORIES Македонија

