БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД КАРПОШ- Прекин од 10 часот

Поради промена на затварач на улицата Миладин Поповиќ, прекин во водоснабдувањето ќе има и на делови од уште четири улици.

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД КАРПОШ- Прекин од 10 часот
Фото: Национал

Дел од корисниците во Општина Карпош денеска, 6 октомври, ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ е најавено дека поради промена на затварач од Ф-100 мм на улицата Миладин Поповиќ бр. 15, прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Без вода ќе останат корисниците од улицата Миладин Поповиќ, како и дел од корисниците од улиците Орце Николов, булевар Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова.

CATEGORIES
Share This