ПРЕКИНИ НА СТРУЈА И ВОДА ВО СКОПЈЕ Проверете дали сте на списокот
Планирани прекини на електричната енергија во Бутел, Сопиште, Центар и Илинден, а прекини и намален притисок на водата во Маџари, Хиподром, Трубарево и Центар.

Фото: Национал
Од ЕВН Македонија АД и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат за денешни прекини и нарушувања во снабдувањето со електрична енергија и вода на повеќе локации во Скопје и околината.
БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА:
- Дел од корисниците на улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел ќе бидат без електрична енергија од 08:00 до 14:00 часот.
- Дел од корисниците на улицата „9“ и дел од улицата „1“ во општина Сопиште ќе останат без струја од 08:30 до 14:00 часот.
- Дел од корисниците на улицата „11 Октомври“, згради бр. 86 и 52, како и околните објекти во општина Центар, ќе бидат без напојување од 09:00 до 13:00 часот.
- Дел од корисниците во општина Илинден, по гробиштата, ќе останат без електрична енергија од 12:00 до 13:00 часот.
ПРЕКИНИ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО:
- Поради изведување водоводен приклучок со профил ф 350 мм на улицата „Маџари“ бб, кај „Триангла“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците во населба Маџари. Во Хиподром и Трубарево ќе има намален притисок од 09:00 часот.
- Поради уличен дефект на водоводна мрежа со профил ф 80 мм на булевар „Партизански Одреди“ бр. 14, без вода ќе останат корисниците на улицата „Пиринска“ во општина Центар, почнувајќи од 09:00 часот.
CATEGORIES Македонија

